На 03.02.2022 во 11.00 часот на ул.„Лазар Поп Трајков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ш.(34) од Скопје.
Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.