Полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет – Одделение за криминалистичка полиција при СВР Битола по преземени мерки и активности открија сторител на четири тешки кражби на подрачјето на Битола.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, Р.Д.(24) од Битола, три кражби извршил во цркви и манастири во изминатиот период, а една во средно општинско училиште.
Осомничениот Р.Д. бил повикан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор, при што тој ги признал кривичните дела. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците, а по документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.