Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и Комисијата за култура.

Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка во туризмот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово е единствена точка на дневен ред на Комисијата за надворешна политика.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, во прво читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе одржи три седници. Пред членовите на оваа комисија ќе се најдат Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка, во второ читање, Предлог – закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка, во второ читање…

На дневен ред на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија се Предлог годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година, Предлог-годишен финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година и Предлог-закон за регулирање на статус на бесправно изградени објекти, во прво читање.

Членовите на Комисијата за култура ќе дискутираат за Активностите за подготовка на Предлог-програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2022 година.