Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер е регистриран на 17 километри југозападно од Дебар, а истиот бил почувствуван и во делови од Албанија.


Според првичните информации на Европско медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот бил на длабочина од 40 километри и е регистриран во 22:35 часот.