Сашо Клековски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа истакна дека во Декларацијата нема ништо спорно и во основа е програма за одбележување на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.
– Дали е спорно што би издале поштенска марка со неговиот лик кога имаме улици, училишта со неговото име. Тоа не треба да е провокација. Декларацијата се случува зошто во Собранието од 2018 не се носи програма за одбележување на познати личности и настани. Минатата година немаше програма за Блаже Конески. Не слушнав зошто Македонија нема ваква програма. – рече Клековски.