Извршители, со полициска асистенција попладнево почнаа да го празнат дворот на професорката на Економскиот институт Снежана Костадиноска – Милошеска, со најава дека треба да ја преземат целата куќа поради долг за неисплатен кредит на нејзиниот сопруг. Таа, со двајца адвокати, денес безуспешно се обидуваше на извршителите да им објасни дека нејзиниот сопруг е сопственик само на една третина од куќата, а таа ги поседува останатите две третини, за што добила судска пресуда. Укажа и дека долгот е платен, но никој не им го признавал и тоа, па се сомнева дека моќни луѓе се обидуваат насила да и го одземат имотот, пишуваат а1.он

-Адвокат ми беше Дејан Костиќ, кумот на Рашковски. Цело време ме бранеше во предметот убеден дека јас сум во право, но во меѓувреме добива други инструкции од неговите кумови и ментори и наместо да ме одбрани, тој и неколкумина други, заеднички, во договор, имам точни имиња за тоа и материјални докази, сакаат да ми го одземат имотот. Се сомневам на неговиот кум кој што е познат во јавноста за вакви дејанија, кој што од мекиците од децата збираше пари, вели професорката Костадиноска – Милошеска за а1.он

Костадиноска – Милошеска, токму поради можноста да и биде одземена куќата и да остане на улица, го тужела сопругот, а ја застапувал адвокатот Крстиќ. Судот утврдил дека Милошевска има правен интерес да се утврди нејзиното сопственичко право откако сопругот добил прибелешка за извршување од извршителот Андреа Буневски поради долг за кредит кој го земал без знаење и без потпис од сопругата. Таа пред судот успеала да докаже дека има поголем придонес за создавање на заедничкиот имот. Со нејзината плата, дополнителните приходи и продаден имот во Охрид докажала дека две третини од вложеното во имотот во Сопиште го обезбедила таа па од тука судот донел пресуда дека таа е сопственик на две третини од целиот имот, вклучително и куќата која сега е предмет на извршување, пишуваат а1.он.

Целиот текст и видеото погледнете го тука.