Прашањето за заминување од дома не е нова тема, таа тема преовладува особено интензивно декада за декада последните 30 години и токму затоа е многу важно да гледаме и да размислуваме на сѐ во секој еден сегмент од општествениот развој. Потребно е да дадеме свој импут и ние како постари генерации да влијаеме врз нашите помлади генерации да им помогнеме заеднички да овозможиме подобра иднина за сите, кажа Иванка Василевска, пратеник во собранието на Република Македонија на денешната панел дискусија под наслов „Младите и нивната перспектива во општините“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ.
-Токму затоа главното мото на ВМРО-ДПМНЕ е „Македонија за сите луѓе“ тоа значи опфат на луѓе кои не се согласуваат со нас или досега не ни ја дале нивната поддршка и доколку тие видат како се развиваат работите кај нас дека можеби нема да се премислат, потенцираше Василевска.
Василевска рече дека кога се креирала плурална Македонија и кога се граделе институциите на системот се создавало впечаток дека сѐ е исто ама него го нема. Во првите десетина години од развојот на македонската држава и предизвиците на таа класа политичари покажале дека не направиле апсолутно ништо позитивно во однос на младите.
Таа додаде дека претходната локална гарнитура во период од 2017 до 2021 година која владеела со општините до пред неколку месеци само ги запоседнала општините и оставила едно големо ништо.
-Секоја една модерна македонска општина треба во рамките на своите програмски политики потребно е да ги вметне политиките кои се однесуваат на младите. Потребна е континуирана соработка преку нудење на различни програми, заклучи Василевска.