Швајцарците на денешниот референдум се изјаснија „за“ забрана за рекламирање на тутун, бидејќи нив ги гледаат и деца и адолесценти. „За“ забрана се изјасниле 54 отсто од излезените гласачи.

Новиот текст предвидува забрана на сите реклами за тутун што децата или адолесцентите може да ги видат, на пример во печатените медиуми, на плакатите или на интернет, во кината или за време на демонстрации. Истите правила важат и за електронските цигари. Рекламите што се само за возрасни, како што се електронската пошта и понатаму ќе бидат дозволени.

Новиот закон предвидува дополнителни мерки за поддршка на медиумите поради пад на приходите од рекламите. Противниците на законот дополнителните мерки ги оценија како „кражба на државната каса“ и обид медиумите да станат зависни од државата, како и оти од мерките ќе профитираат големите медиумски групации.

Во Швајцарија, каде секој четврти граѓанин пуши, досега немаше строги закони за рекламирање на тутунот, пред се поради лобирањето на најголемите производители на цигари во светот, кои во земјата имаат свои седишта.