СДСМ ја отфрли Декларацијата за Гоце Делчев, а со тоа пратеничката од истата партија од собраниската говорница на новинарско прашање одговори дека почитта кон Гоце е враќање назад во времето, а не напред.
-Ни пречи што со декларација сакаме да се враќаме назад, она што ние веќе го имаме за Гоце во нашата химна, во именувањето на улици, училишта во празнувањето на Гоце Делчев и почита кон него значи враќање назад, а не напред, рече таа.
СДСМ: Почита кон Гоце Делчев значи враќање назад, а не напред pic.twitter.com/24ijhUS0Js
— Курир (@KurirMK) February 15, 2022
Инаку освен СДСМ и ДУИ денес гласаше во Собранието против Декларацијата за Гоце Делчев на собраниската комисија за надворешни работи.
Пратеникот Антонијо Милошоски вели дека не е исклучена можноста за тргување со македонската историја.
-Не е исклучено токму дел од договорот да биде и тргувањето со македонската национална историја, вклучително и на оние великани коишто се основоположници на државата Република Македонија, рече Милошоски.