Судот во Индонезија денеска осуди директор на интернат на исламско училиште на доживотна казна поради силување на најмалку 13 ученички, од кои некои останале бремени.

Директорот на училиштето за девојчиња во градот Бандунг, Западна Јава, Хери Вираван призна вина и им се извини на жртвите и нивните семејства во текот на судењето.

Вираван е обвинет дека во период од 2016 до 2021 година во училиштето, во хотелски соби или изнајмени станови силувал најмалку 13 ученички на возраст од 11 до 14 години. Наводно некои девојчиња останале бремени и родени се најмалку девет бебиња.

ПолицијÐ �та на Западна Јава почна истрага и го уапси Вираван во мај минатата година, откако родители на едно девојче пријавиле дека нивната ќерка кога се вратила на распуст признала дека се породила.

Случајот беше обелоденет дури во ноември кога почна судењето.