Полициски службеници од СВР Скопје и РЦ Север во координација со Царинската управа денекса го приведоа Ѓ.Ј. (41) од Неготино, кој во камион со неготински регистерски таблички превезувал тројца мигранти.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи мигрантите биле откриени при контрола во царински склад, по што возачот се дал во бегство, но по презмени мерки од полициските службеници бил приведен.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.