Министерството за надворешни работи денеска упати реакција по повод вестите бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва.

-Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Њујорк, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи, велат од МНР.

Од таму додаваат дека во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.

Ваквата реакција на Министерството следува по бурната реакција на јавноста откако медиумите објавија дека ТВ презентерката Бесмира Ејупи е преложена за нов генерален конзул на Македонија во Њујорк.