Од денеска до 28.02.2022 центрите за развој на планските региони на територијата на Република Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој, имаат можност да конкурираат на Јавниот повик за користење средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој.
Вкупниот буџет на Програмата е 24 милиони денари, а избраните проекти е предвидено да се реализираат во рок од дванаесет месеци од денот на потпишување на договорот за финансирање.
-Оваа Програма што се спроведува трета година по ред, е одлична можност за општините и планските региони да аплицираат за финансиска поддршка за проекти за подобрување на патната инфраструктура, односно за тампонирање на пристапните патишта до земјоделските површини, што е од големо значење за земјоделците, напиша министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил.