ДУИ и СДСМ ја сведоа дипломатијата на чист клиентилизам и исполнување на партиски хирови. Наместо да се водат од стручност Бујар Османи и Артан Груби на две важни позиции во дипломатијата зад затворени врати именувале ТВ презентерка и син на провладин аналитичар за конзули во Њујорк и Чикаго. Пиунот Ковачевски е оставен како статист и нем свидетел на ваквата кадровска политика која е срам за Македонија не само пред домашната, туку и пред меѓународната јавност, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека Владата очигледно зад затворени врати именува, па после зад затворени врати ги менува своите одлуки. Останува нејасно дали и Ковачевски стоел зад затворените врати па не знае што му се случува во владата која ја администрира.
– Владата должи одговори според кои критериуми се именувани ТВ презентерка на вести, Бесмира Ејупи и Петри Муслиу, син на провладиниот аналитичар Алберт Муслиу? Наместо да се крие, Бујар Османи треба да излезе и да даде одговори, но и да понесе одговорност за девалвирање на македонската дипломатија. Правото место за отчет му е во Собранието пред пратениците кои треба да ја контролираат работата на владата и на министрите, се додава во партиското соопштение.