Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека меѓународните граници на неговата земја ќе останат такви какви што биле, посочувајќи дека потегот на Русија претставува повреда на интегритетот и суверенитетот на Украина.
Тој говореше откако рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Министерството за одбрана да испрати војници во регионите под контрола на сепаратистите поддржани од Москва во источна Украина. Путин го издаде декретот рано изутринава, по московско време.
– Не се плашиме. Никому ништо не должиме и никому ништо нема да дадеме, изјави украинскиот претседател по одлуката на Путин, нагласувајќи дека Украина се уште е „заговорник за политички и дипломатски договор“, истакна Зеленски.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека неговата земја сака мир и порача:
Чекаме јасни и ефекасни чекори за поддршка од нашите партнери.