Охриѓанката која повика да се запалат Евреите кои се поврзуваат со сектата „Лев Тахор“, доби кривична пријава.
Денеска (22.02.2022) полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор во СВР Охрид со В.С. (38) од охридско, која во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа Фејсбук поставила содржина со која извршила кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член 394-г од КЗ. При разговорот В.С. изјавила дека таа во текот на вчерашниот ден ја поставила содржината, а денеска самата ја избришала. По целосно документирање на случајот до ОЈО Охрид ќе биде поднесена кривична пријава по член 394-г од КЗ“, објави МВР.
Таа под вестите каде што е објавена локацијата на Евреите повикуваше тие да се запалат живи: „Море не само сектата, запалете го и хотелот сосе сектата“.