Машко бебе во Израел е родено со нумеролошки поволен датум и време на раѓање, кое пристигна на светот на 22 февруари 2022 година во 02:22 часот, попладне (14.22) соопшти денеска болницата Рамбам во Хаифа.
Бебето од северот на земјата е родено со планиран царски рез и е второ дете на родителите Лиан и Рам Коен.
„Се јавив да го координирам царскиот рез и ми го предложија овој датум“, рече мајката, според соопштението од болницата. Таа била предвидена за породување во 10 часот.
Мајката рече дека било фантастично да се види дигиталниот дисплеј на ѕидот со времето и датумот.
– Дури и температурата во просторијата беше 22 степени, додаде таа.
– Специјалната комбинација на броеви сега стана дел од приказната за раѓање, рече таа. Тоа е ретко, тоа е лудо. Имаме посебна приказна за раѓањето и посебно дете кое пристигна со таа приказна.