Украинската армија масовно ги напушта позициите и го оставаат оружјето, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Според разузнавачките податоци, единиците и војниците на украинската армија во голем број ги напуштаат позициите и го напуштаат оружјето. Не е извршен никаков удар врз позициите на украинските војници кои го положиле оружјето“, се наведува во соопштението од руското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

Москва вели дека во Украина во Донбас е започната специјална воена операција и тие настани не можат да се наречат војна.