Францускиот претседател Емануел Макрон побара од својот белоруски колега Александар Лукашенко да обезбеди „повлекување на руските трупи“ од Белорусија.

Претседателот на Франија побара од лидерот на Белорусија да побара што е можно поскоро повлекување на руските трупи од неговата територија. Тој го повика да соработува со меѓународната заедница за да дозволи хуманитарна помош за украинскиот народ – се вели во соопштението на француското претседателство.