Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република  Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 254 возачи.

Како што МВР, од вкупниот број на изречени санкции, 21 возилo се движелo со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 178 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.