Во синоќешната контрола на подрачјето на СВР – Битола во периодот од 22:00 до 2:00 часот констатирани и законски санкционирани се 27 возачи, кои управувале со возилото под дејство на алкохол.
Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола – 12, на подрачјето на Прилеп – девет, по два на подрачјето на Ресен и Демир Хисар и по еден возач на подрачјето на Македонски Брод и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 25 останати прекршоци.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштува МВР.