Ситуацијата останува тензична. Во моментов голем број тенкови се приближуваат кон главниот град на Украина од правец на Белорусија, изјави градоначалникот на Киев Виталиј Кличко за телевизијата Украина 24.

– Ситуацијата е тензична. Додека се подготвуваме, голем број тенкови доаѓаат од исток, од Белорусија. Нашите момци исто така се подготвуваат да не бранат… Можам да кажам дека сум горд што сум Украинец и овие напори што ги преземаат нашите момци се напори на силна волја, што го покажува нашиот украински карактер. Нашите момци покажуваат неверојатни способности во одбивањето на нападите на Киев. Денеска, целта на Русите е нашиот главен град, рече Кличко.

Тој додаде дека извршил контрола на контролните пунктови кои сега се подготвуваат за соочување со непријателот.

–И јас сум изненаден што луѓе кои никогаш во животот не носеле оружје, лекари, театарски актери, сега го прават тоа и велат дека ќе ги браниме нашите домови и ќе ја браниме нашата земја и нашиот град. Никогаш не сум видел таков патриотски подем во која било земја, рече Кличко.