Гастрејд до Регулаторната управа за енергетика на Грција (RAE) поднел барање за нова лиценца за Самостоен систем за природен гас (INGS) . Новиот проект „Thrace INGS“ ќе се состои од пловечка единица за складирање и регасификација и ќе се развива на Тракиското Море, покрај брегот на Александрополис.
Пловечката единица за складирање и регасификација (FSRU) ќе има капацитет за складирање од 170.000 метри кубни течен природен гас и ќе може да испорачува најмногу 22,7 милиони кубни метри дневно или 5,5 милијарди кубни метри природен гас годишно. Проектот, исто така, ќе вклучи воден и копнен цевководен систем кој ќе ја поврзе пловечката единица за складирање и регасификација (FRSU) со постојните копнени цевководи за пренос на гас во областа.
Проектот ќе ја зајакне енергетската безбедност и диверзификација на изворите и рутите за снабдување со гас во Грција и целиот регион на Југоисточна Европа и материјално ќе го намали секој ризик од прекин на снабдувањето.
Гастрejд е првата компанија во Грција која доби лиценца за Самостоен систем за природен гас за „терминал за течен природен гас Александрополис“ за којшто неодамна беше донесена конечната одлука за инвестирање и сега е во фаза на нејзина имплементација со план да биде во функција кон крајот на следната година. Проектот е вклучен во Оперативната програма на Националната стратешка референтна рамка (NSRF) „Конкурентност, претприемништво и иновации 2014-2020“.