Претседателот на Украина Володомир Зеленски денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин на тет-а тет средба, истакнувајќи дека тоа е единствен начин да се запре војната.
-Седни со мене, само не на 30 метри како што седеше со францускиот претседател Макрон. Ние не ја напаѓаме Русија и не планираме да ја нападнеме. Што сакате од нас? Напуштете ја нашата земја – рече Зеленски во новото видео обраќање, додавајќи дека Украина не нападнала туѓа земја.
-Не касам. Јас сум нормален човек, седни со мене, разговарај со мене, од што се плашиш?, праша Зеленски.