Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска посадија млади садници на булервар „Крсте Мисирков“. Тие добиле известување од Инспекторатот на Град Скопје дека вчера имало несовесно сечење дрвја на тоа место и денеска посадиле нови садници.
После дојавата во Инспекторатот на Град Скопје за вчерашното несовесно сечење дрвја од непознат сторител на бул. Крсте Мисирков, нашите екипи интервенираа со засадување на млади садници на истото место, објавија од „Паркови и зеленило“.