Рускиот државен регулатор во комуникацискиот сектор, Роскомнадзор, денеска соопшти дека ја блокирал социјалната мрежа Фејсбук на компанијата Мета, како одговор на ограничувањата за пристап до руските медиуми на оваа платформа.

Роскомнадзор прецизираше дека од октомври 2020 година имало 26 случаи на дискриминација кон руските медиуми на Фејсбук, со ограничен пристап до медиумите како РТ и Риа Новости.

Руското регулаторно тело претходно соопшти дека „евидентира се повеќе случаи на неосновано блокирање на официјалните профили на руски медиуми и функционери на странски интернет платфоÑ �ми“.