По Фејсбук, Русија го ограничи и пристапот до социјалната мрежа Твитер, објавија руските медиуми.
Според руското регулаторно тело за комуникации, Роскомнадзор, пристапот до таа социјална мрежа е ограничен на барање на Обвинителството.
Претходно Роскомнадзор соопшти дека ја блокирал социјалната мрежа Фејсбук, на компанијата Мета, како одговор на ограничувањата за пристап до руските медиуми на оваа платформа.