Вкупно 172 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден при засилена акциска контрола на полицијата на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, посочува МВР, 96 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 76 надвор од населено место.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се додава во соопштението.