Ден по демонстрациите на кои собраа речиси 16.000 луѓе во Париз за поддршка на Украина, група од феминистичкото движење Фемен се состана денеска напладне во паркот на Ајфеловата кула да го изрази својот протест против руската инвазија во Украина, јави дописникот на МИА.

Со голи гради во боите на Украина, мавтајќи со жолти и сини чадни бомби и транспаренти, феминистките извикуваа „солидарност со Украина“, повикувајќи ја Европската унија да ја направи оваа земја „28-ма“ земја членка.