Казнети се 135 возачи во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Како што денеска соопштија од МВР, од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 56 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.