Отсекот за општ криминал при СВР Битола, денеска до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Р.Б (28) од Ресен осомничен дека во период од 01.03 до 06.03.2022 извршил 14 тешки кражби по чл.236 и чл.236 в.в. чл. 19 од Кривичниот законик на РСМ во куќи и верски објекти на подрачјето на Битола.
Од МВР денеска информираа дека Р.Б. е приведен од полициски службеници од полициската станица Битола, а потоа и изведен пред судија на претходна постапка, при што одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.