Најмалку шест американски држави биле мета на хакери од Кина кои за нападите ги користиле пропустите и слабостите на веб-програмите, соопшти компанијата за кибер безбедност „Мандиант“.

Според извештајот на „Мандиант“, станува збор за опсежна кампања спроведена од кинеската хакерска група „APT41“.

Од мај минатата година со февруари годинава групата успеала да компромитира најмалку шест државни владини мрежи преку искористување на слабостите на интернет-програмите.

Целите на спроведените напади како и хакираните податоци, според „Мандиант“ укажуваат дека се работи за шпиунски операции, но имајќи ја предвид „историјата на групата“ не ја исклучуваат можноста нападите да биле мотивирани заради стекнување материјална корист.