Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска околу 14.30 часот, во близина на крстосницата на улиците „Иво Лола Рибар” и „Благоја Тоска” во Тетово, го лишиле од слобода 35-годишниот тетовец Ш.Ш, осомничен дека извршил десетина различни измами на тетовско-гостиварското подрачје, во периодот од септември минатата до март оваа година.
Од МВР информираа дека тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случаите ќе му биде изготвен соодветен поднесок.