Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николски, доцна вечерва на неговиот фејсбук профил се обрати од Собранието каде што се носеа анти-кризните мерки.
Николоски порача дека СДСМ и ДУИ и не се откажуваат од своето трошење и од полнењето на буџетот на грбот на народот.
-Петок на полноќ битка во Собрание против ненародната власт на ДУИ и СДСМ која го осиромашува народот, која ја цица крвта од народот преку повисоки цени на нафта, електрична енергија и парно, преку повисоки цени на сите производи. Не се откажуваат од своето трошење нити од полнење на буџетот на грб на народот.
Предвремени избори веднаш за излез од кризата!- напиша Никоилоски.
Собранието доцна вечерва со 95 гласа „за“ и без ниту еден “против“ и „воздржан“ го донесе Предлот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, а со 96 гласа „за“ и исто така без ниту еден “против“ и „воздржан“ и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по скратена постапка.
Министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи ги двата предлог закони, рече дека тие се дел од пакетот 26 кризни мерки на Владата, кои треба да му помогнат на стопанството во државата, која е погодена од енергетската криза и ценовниот шок на глобалните пазари.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески ја обвини власта дека не ги зела предвид нивните предлог-измените за Законот за акциза и Законот за ДДВ кои ги доставиле уште пред две недели. Сега Владата глуми дека ги спасува граѓаните, а самата таа ги доведе во оваа ситуација, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ на пленарната седница за измени и дополнувања на Законот за ДДВ и Законот за акцизи.
Собранискиот спикер, Талат Џафери рече дека предлозите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се ставени во редовна постапка на седницата што ќе се одржи на 15 март и додава дека оваа седница ја свикал гледајќи ја како порака и од опозицијата, и од власта.