Заменик претседателот на градскиот Совет во украинскиот град, Херсон, Сергеј Хлан, изјави дека руските сили планираат да одржат лажен референдум со цел да креираат отцепен регион.
-Создавањето „република“ ќе го претвори нашиот регион во безнадежна дупка без живот и иднина – изјави Хлан, на социјалните мрежи.
Руските сили го зазедоа пристанишниот град, но проукраински демонстранти излегоа на улиците на градот за да протестираат против руските сили.