Време е да се вратиме во нормалниот живот. Комисијата за заразни болести треба во најскоро време да препорача укинување на маските во образование, вели за Лидер епидемиологот д-р Сашо Олумчев.
И да се зарзат дечињата, тоа ќе поминува со лесна симптоматологија. Побрзо ќе стекнеме колективен имунитет на таа таргет популација која ни беше на мета, додава Олумчев.
Студентите кои две години ги поминаа студиите во онлајн испити и предавања треба во најбрзо време да се вратат во предавалните, без маски но со голем степен на претпазливост.
Олумчев смета дека комисијата треба да ги послуша советите на епидемиолозите затоа што 80% од населението има стекнато колективен имунитет и не гледа причина да продолжат рестриктивните мерки. Едноставно мора да се почне со нормален живот за да продолжиме да функционираме понатаму, додава Олумчев.
Лидер: Ваш став во врска со носењето на маски во училиштата, во основното и средно образование. Сметате ли дека е време да се тргнат маските, со оглед на тоа дека Комисијата за заразни болести не го препорачува тоа?
-Апосолутно дека е време да се тргнат маските. За средно образование, не сакам ни да зборувам на таа тема. Затоа што во средно образование и на факултетите, учениците и студентите, тоа се тинејџери и не ги ни почитуваа правилата, така да тие се веќе прележани а дел од нив се и вакцинирани.
Но за основното образование секако дека треба да почнат да се тргаат маските, затоа што доминантен сој е омикрон (чекавме две недели да видиме кој сој е подоминантиен дали е делта или омикрон) меѓутоа според симтоматологијата која ја гледам јас, омикронот станува доминантен, не покажува некои посебни последици, особено кај младата популација која и беше таргет група, така да апсолутно сум да се тргнат маските во училиштата бидејќи е веќе време.
И да се зарзат дечињата, тоа ќе поминува со лесна симптоматологија. Побрзо ќе стекнеме колективен имунитет на таа таргет популација која ни беше на мета. Да, сум согласен за тоа и препорачувам да се тргнат маските во училиштата.
Лидер: Што е со факултетите, каде веќе две години наставата се одвива онлајн, а на многу малку групи предавањата се со физико присуство. Треба ли и студентите да се вратат на предавања со физичко присуство и треба ли да носат маски?
– Апсолутно и студентите мора да се вратат на настава, и тоа не само факултети, училишта, се мора да се врати во нормала. Бидејќи веќе влеговме во една тешка економска криза од која мора да излеземе и покрај другите работи и сакаме нејќеме ќе мора да се вратиме во нормалниот живот.
Носење маски на факултет нема потреба. Затоа што тоа се веќе возрасни, кои ги почитуваат мерките, единствено ќе остане за студентите на медицина, бидејќи таму законски е задолжително во здравствените установи да се носат маски. А за другите студенти да.
Нема потреба од онлајн настава, да посетуваат настава со физичко присуство и едноставно да се води нормален живот, но многу претпазливо! Со повисоки мерки на претпазливост, физичка дистанца, хигиена, некои работи кои се навикнавме да ги правиме ќе мора да ги правиме и понатаму.
Сега и температурите ни се високи така да, луѓето ќе бидат надвор, ќе имаме физичка дистанца, имаме и физичко разредување на вирусот во воздухот. Така да и колку да е заразен, мислам дека нема да има никаков проблем во текот на летните месеци.
Лидер: Семтате ли дека Комисијата треба да ги послуша препораките на вас епидемиолозите и конечно да се тргнат маските од образование?
-Треба веќе. Се гледа дека кривата се израмни, има надолна линија, да имаме и позитивни случаи но немаме симптоматологија. Резултатите тие подбро ги знаат од нас од секвенционирањето, ако знаат дека доминантен сој ни е омикрон, асполтно треба да ги послушаат нашите совети .
Иако бројките за кои зборуваше и поретседателот на комисјата професор Петличковски дека 80% од тестовите кои ги прават по случаен избор за стекнат имунитет беа дека 80 % од популацијата била во контакт со вирусот , дали поради вакцината или поради прележаност. Значи 80% имунитет, ние имаме веќе една солидна основа за колективен имунитет и не гледам причина да продолжиме со такви рестриктивни мерки. Едноставно мора да се почне со нормален живот за да продолжиме да функционираме понатаму.