По спроведена акциска контрола Министерството за внатрешни работи вчера, на територијата на Република Македонија санкционирани се 731 возач за брзо возење.

Како што информираат од Министерството од нив 76 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возилa се движелe со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 313 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 417 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, е наведено во соопштението.