До вчера најмалку 636 цивили загинале во Украина од почетокот на руската инвазија, соопшти денеска канцеларијата на ОН за човекови права (ОХЦХР) во соопштение испратено до Си-Ен-Ен.

Ова е зголемување за 40 смртни случаи во споредба со претходното дневно ажурирање.

Меѓу загинатите има шест девојчиња, 10 момчиња и уште 30 деца чиј пол не е познат, соопшти ОХЦХР.

Според агенцијата, досега се повредени најмалку 1.125 цивили.

„Повеќето од регистрираните цивилни жртви загинале од употреба на експлозивно оружје со широка област на удар, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи, како и ракетни и воздушни напади“, соопштила агенцијата.

„ОХЦХР верува дека вистинските бројки се значително повисоки, особено на територијата контролирана од владата, а особено во последните денови, бидејќи добивањето информации од некои локации каде што се водат интензивни непријателства е одложено, а многу извештаи сè уште чекаат да се потврдат“. се додава.