Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва планира да избегне цивилни жртви и да се воздржи од напади на големите населби, вклучително и Киев.

Но, во изјавата емитувана на државната телевизија Русија 24, Песков рече дека урбаната војна „неизбежно ќе доведе до голем број цивилни жртви“.

Тој додаде: „Министерството за одбрана, иако обезбедува максимална безбедност на цивилното население, не ја исклучува можноста за ставање под целосна контрола на големите населени центри, со исклучок на зоните што се користат за хуманитарна евакуација“.

Така, Кремљ за прв пат призна дека планира да ги окупира најголемите градови во Украина.

Портпаролот на Путин, Песков, исто така, рече дека претставниците на САД и ЕУ „ја туркаат Русија кон напади на големите градови во Украина со цел да ја префрлат одговорноста за смртта на цивилите на Русија“, пишува Би-Би-Си.

„Сметаме дека таквата позиција е провокативна“, рече тој.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така, нападот на украинските вооружени сили врз сепаратистичкиот регион Доњецк го нарече трагедија. Песков тврди дека се работи за напад врз цивили.

Тој исто така рече дека „се чини дека шефовите на Украина кои се преку океанот и` издаваат наредби на украинската армија“.