Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денес 17.03.2022 година, во просториите на општина Гази Баба оддржа средба со потенцијални инвеститори од Словенија.
За средбата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
„Во просториите на општина Гази Баба оддржав средба со преставници од индустриски капацитети од Словенија на кои им го презентиравме индустрискиот потенцијал на општина Гази Баба.
Како градоначалник заедно со администрацијата во следниот период во рамки на општината ќе создаваме позитивна бизнис клима преку која ќе обезбедиме инвестиции кои ќе создадат отворање на нови работни места“, напиша Стефковски.