Украина објави дека од почетокот на војната се убиени 14.200 руски војници, пренесува Би-Би-Си, кој пишува дека не можеле самостојно да ги потврдат овие тврдења.
Утврдувањето на точниот број на жртви на секоја страна се покажа како предизвик, при што Русија и Украина цитираа различни бројки за загубите, јавува Би-Би-Си. Русија ретко ги објавува своите загуби, прв и последен пат во оваа војна го стори тоа на 3 март кога тврдеа дека 498 нивни војници биле убиени.
Во меѓувреме, американските власти соопштија дека бројот на руските жртви може да биде повеќе од 7.000, а повредени се и до 14.000.
Украина тврди дека нејзините сили исто така уништиле или оневозможиле:
450 тенкови
93 авиони
112 хеликоптери
43 системи за воздушна одбрана.
Ова се индикативни проценки за загубите на Русија од 18 март, според Вооружените сили на Украина.