Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје утринава (21 март) го лишиле од слобода Ш.К.(44) од с.Цветово, скопско, соопштија од МВР.
– Тој се барал со централна потерница за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната, додаваат од МВР.