Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел учествуваше на средба со Групата „Пријатели на Република Македонија” во Европскиот парламент, на која се осврна на актуелниот момент во односите меѓу Европската Унија и земјава и изрази благодарност за поддршката и конструктивниот пристап на Европарламентот во процесот на пристапување на државата во ЕУ, рефлектирана преку бројните иницијативи, како и во резолуциите за нашата земја.
Групата „Пријатели на Република Македонија” е неформална група составена од пратеници во Европскиот парламент од различна политичка провиниенција, која е замислена како своевиден форум на обезбедување поддршка на земјава во нејзините европски аспирации и цврста потпора на нашиот европски пат.
Претседател на оваа група е европратеничката од Словенија, Ирена Јовева.