Украинскиот преговарач Михаило Подољак за Би-Би-Си изјави дека по 26 дена војна има одредени промени во мировните преговори.

-Отпорот на Украина ја принуди Русија посоодветно да ја процени реалната ситуација, што помогна да се поттикне некој вид дијалог, посочи Подољак.

Тој наведе дека секоја одлука за мировен договор ќе биде донесена помеѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин.

Според Подољак сè уште не е договорен датумот за средба на Зеленски со Путин.

Тој не откри детали од преговорите, но изрази незадоволството од одбивањето на НАТО да воведе зона на забранети летови во Украина

-Тие не го затвораат нашето небото, туку стојат настрана во време кога 10 милиони луѓе бараат место за живеење, а три милиони веќе ја напуштиле земјата. Ова е хуманитарна катастрофа во Европа, наведе Подољак.