Курдските безбедносни сили денеска јавија дека во североисточна Сирија заплениле повеќе од 2,5 милиони таблети „Каптагон“, што е најголема заплена на дрога во регионот.
Курдските сили соопштија се запленети точно 438 килограми дрога или 2.570.580 таблети, додавајќи дека дрогата била скриена во градежни материјали и пренесена од северните области што се под контрола на фракциите лојални на Турција.
„Ова е најголемото запленување таблети на „Каптагон“ во североисточна Сирија“, соопштија курдските сили.
„Каптагон“ се темели на амфетамини и се произведува нелегално во Либан, веројатно во Сирија и Ирак. Ð �ој е првенствено наменет за пазарот во Саудиска Арабија. Познато е дека го користеле џихадистите на Исламската држава бидејќи како активен психостимулатор ја ублажува физичката болка и дава чувство на бестрашност.