Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 159 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции.
Како што соопшти МВР, меѓу санкциите 11 се за возење без возачка дозвола, три за некористење на сигурносен појас. Изречени се и три мерки за користење мобилен телефон, четири за возач почетник, десет санкции за нерегистрирани возила и седум мерки за вградени неатестирани фолии – затемнети стакла.
Засилените акциски контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.