Во Ресен на ул.„Корчуланска“, вчера во 14.25 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен бил лишен од слобода М.З.(36) од прилепското село Селце.
Како што информираа денеска од МВР, кај него била пронајдена кеса со марихуана, која при обид да избега, ја фрлил. Од извршениот увид било констатирано дека во кесата има околу еден килограм марихуана, која била одземена.
Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.