Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен скопјанец, кај кого биле пронајдени марихуана и кокаин.

Како што информираат од Основното јавно обвинителство, осомничениот во текот на месецов од засега непознато лице набавил марихуана и кокаин, што ги држел кај себе заради препродажба.

– На 15 март, при претрес во автомобилот со кој управувал осомничениот, на паркинг просторот на меѓуградската автобуска станица во Скопје, биле пронајдени 104,03 грама марихуана, 0,42 грама марихуана помешана со тутун, како и две пакувања кокаин со вкупна тежина од 2,24 грама, се наведува во соопштението од ОЈО.

Осомничениот се товари дека го сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје доставил и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​​