Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес на прес конференција за мостот АСНОМ сподели со јавноста кои се спорните предмети коишто треба да се решат за проектот да може во целост да се реализира, односно посочи дека несоодветното планирање на сите фази на проектот се главната причина за моменталните состојби за кои сега активно се изнаоѓаат решенија за нивно надминување.
Арсовска потенцираше дека тоа е суштината на сите проекти што останаа започнати од претходното раководство, каде е утврдено дека од самиот почеток планиранo е само делумно една фаза од проектот, или еден дел и тука е застанато. Нема еден проект што е оставен без проблеми, односно овие проекти се започнати на брзина без соодветно планирање.
Оние кои опструираат и пласираат неточни информации дека проекти се стопирани и од ова место ќе ги демантитрами ќе повторам уште еднаш како многу пати досега дека ниту еден проект што е добар за скопјани и кој е започнат во нивен интерес нема да биде прекинат.Овој проект е од исклучително значење на граѓаните од Аеродром и Гази Баба и ќе се спроведе до крај, иако тука и самите гледате дека тој што го почнал ни самиот немал однапред соодветно планирано како ќе го заврши затоа што од почеток воопшто не се испланирани соодветно сите фази – изјави градоначалничката Арсовска на денешната прес конференција.
Арсовска истакна дека најголемиот проблем во овој проект се ескпропријациите.
Од 2018 година кога е започнат проектот имало 139 парцели и 136 објекти што треба да се решат или вкупно 275 постапки за експропријација. За три години успеале да решат 31 предмет, a за 8 влегле во постапка на споре. Ние само за четири месеци решивме 82 предмети – додаде градоначалничката Арсовска.
Досега на делот на мостот од ноември до денеска спроведени се градежни активности за асфалтирање на мостот и на дел од улицата, дозатегнување на кабли за преднапрегање на мостот, поставување на осветлување и канделабри, поставување на ограда на мостот и тоа заштитна ограда и еластична ограда, се реши проблемот со регулација на речното корито, се поставија дилатации на мостот, се извршија испитувања за статички и динамички влијанија на мостот, се обложија столбовите со гранитни плочи и од страната на Керамидница се завршени земјени работи, насипување и горен строј. Сите активности поврзани со овој дел на мостот се завршуваат до 10 април годинава точно според предвидената динамика.
Во делот кај Ист Гејт од ноември месец наваму е извршено поврзување на водоводната мрежа, поврзување на крак 1 и крак 2 од атмосферската мрежа, комплетно е изработен северниот коловоз заедно со пешачката и велосипедската патека освен во делот на затекнати неразрешени имотно правни односи, изработени се сите основни елементи за новото осветлување на булеварот и со изведбата на булеварот овозможено е на кабелските оператори и ЕВН да извршат реконструкција и поставување на инсталации – истакна Арсовска.
Тендерирање на последна фаза во делот кај Ќерамидница, ќе се спроведе кон крајот на оваа година. Финалното завршување на бул. АСНОМ со сите три фази се очекува откако ќе ги решиме сите затекнати проблеми, и истиот да биде пуштен во во употреба во втората половина на следната година.