Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи Антон Герашенко објави видео на кое тврди дека покажува соборен руски борбен авион.
Автентичноста на снимката се уште не е потврдена, пишува Sky News. Видеото е објавено и на Твитер.
„Откако извесно време не беше соборен ниту еден руски авион, украинската страна тврди дека соборила руски ловец Су-35 на 24 март во близина на Изум.
Не можеме да го потврдиме типот на авионот, но еден пилот преживеал“, напиша на својот Твитер профил „Ukraine Weapons Tracker“, додавајќи дека снимката е автентична.
Тие подоцна објавиле дека се чини дека се работи за друг тип на авион и дека се урнал на 13 или 14 март.